Јавниот оглас може да го превземете ТУКА

Пријавата за Јавниот оглас може да ја превземете ТУКА

Врз основа на член  20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен Весник на РМ” број 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18 и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија број 143/19 и 14/20), член 22 од Законот за работни односи (,,Сл. Весник на РМ’’ број 62/2005……110/2019), Јавната Установа Национален парк Маврово, објавува

Ј А В Е Н   О Г Л А С

број 01/2020

За прием на работници во работен однос на неопределено време во Јавната Установа Национален парк Маврово

Јавната Установа Национален парк Маврово има потреба од заснивање на работен однос на неопределено време на помошно-технички лица на следните  работни места:

  1. Назив на работно место – Општ работник, ниво А01, шифра НАП 04 05 А01 001, број на извршители – 1 /еден/ во Одделение за одржливо користење на природните ресурси ,
  2. Назив на работно место: Чувар во заштитено подрачје II категорија, ниво А02, шифра НАП 04 02 А02 001, број на извршители – 2 /два/, во Одделение за мониторинг и заштита на природата и
  3. Назив на работно место – Ракувач и одржувач на машини, ниво А01, шифра НАП 04 05 А01 005, број на извршители – 1 /еден/ во  Одделение за одржливо користење на природните ресурси.

Општи услови за трите работни места се:

  • да е државјанин на РСМ
  • да е полнолетен
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да има општа здраствена способност за работното место

–  со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови за 1-во работно место се:

  • Ниво на стручни квалификации:средно образование,
  • Работно искуство: со или без работно искуство
  • Распоред на работното време: 8,00 часот до 16,oo часот

Посебни услови за 2-ро работно место се:

  • Ниво на стручни квалификации:средно образование.
  • Работно искуство: најмалку 1 (една) година работно искуство,
  • Согласно член 108 став 4 од Законот за заштита на природата по назначувањето за чувар на заштитено подрачје лицето полага стручен испит.

Посебни услови за 3-то работно место се:

  • Ниво на стручни квалификации:средно образование-сообраќај и транспорт, машинство.
  • Работно искуство: со или без работно искуство
  • Распоред на работното време: 8,00 часот до 16,oo часот

Кандидатите кон Пријавата за заснивање на работен однос треба да ја достават  следната потребна документција:

  • Биографија (CV)
  • Диплома за завршено образование, оргинал или заверена на нотар,
  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
  • Извод од Историјатот за вработување од Центарот за вработување како доказ за работното искуство /оргинал или заверен на нотар),
  • Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Јавниот оглас трае 5 дена од денот на објавувањето, не сметајќи го денот на објавувањето во дневниот печат.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 7 дена од денот на завршување на јавниот оглас.

Износот на просечната нето плата за работно место од точка 1. Општ работник изнесува 20.832,оо денари

Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување за 2020 година е: 1 /еден/ Македонец/ка.

Износот на просечната нето плата за работно место од точка

  1. Чувар во заштитено подрачје II категорија изнесува 27.342,оо денари

Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување за 2020 година е:1/еден/ Македонци/ки и 1 /еден/ Албанец/ка.

Износот на просечната нето плата за работно место од точка

  1. Ракувач и одржувач на машини изнесува 29.450,оо денари.

Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување за 2020 година е: 1 /еден/ Македонец/ка.

Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Ј.У.Национален парк Маврово: www.npmavrovo.org.mk

Пријавата за вработување треба да содржи:

  • Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедницата)
  • Кратко мотивационо писмо
  • Кратка биографија
  • Изјава за исполнување на општите услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделено,
  • Изјава за исполнување на посебните услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно

Кандидатите пријавата со документацијата треба да ја достават до архивата на Ј.У.Национален парк Маврово или по пошта на адреса: Ј.У.Национален парк Маврово, 1256 – пошта нас.Маврови Анови Општина Маврово и Ростуше, со назнака: за Јавен оглас број 01/2020.

Пријавите што нема да биде поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржи бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Јавна Установа Национален парк Маврово телефон за контакт: 042 489-019.

 

Ј.У.Национален парк Маврово

 

Директор

Самир Ајдини

 

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider