[:mk]11.02.2020

Денес во близина на браната во Маврови Анови се одржа комеморативен собир пред споменикот изграден во чест на градителите на Мавровската брана. Одбележувањето традиционално го организира ХЕЦ “Маврово”. Вработени во претпријатието како и претставници на повеќе локални институции помеѓу кои и директорот на ЈУНП Маврово г-дин Самир Ајдини и оваа година се собраа и со положување на цвеќе и едноминутно молчење одадоа почит за работниците кои ги загубија животите во снежните лавини ноќта помеѓу 10-ти и 11-ти февруари 1956 г. На овој датум животот го загубија 52 градители на мавровскиот хидроенергетски систем од кои 38 работници и 14 граничари. Оваа снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода кај нас. Во лавината биле затрупани стотина луѓе од кои спасувачките екипи успеале да извлечат половина од нив.

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]