Информација за завршување на сезона за спортски риболов во водите на територијата на НП Маврово
Ве известуваме дека од 01.11.2023 до 31.01.2024 година спортскиот риболов на Мавровско езеро и река Радика со притоки ќе биде забранет.
Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 01.02.2024 година
Исто така ве потсетуваме дека и наредната година риболовнни дозволи ќе се издаваат во Информативниот туристички центар и преку електронскиот систем на НП Маврово на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем ќе мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата ќе може да се изврши со сите видови на платежни картички.
Останува обрвската и наредната година да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена годишна членарина.