[:mk]

ПОКАНА ЗА ЈАВНА РАСПРАВА

 

Почитувани,

Општината Маврово и Ростуше како носител на под-проектот и партнерот во под-проектот ЈУ Национален Парк “Маврово” во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања – КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ го изготви под-проект “Развој на туризмот во Мавровската долина ” со цел развој на туристичкиот потенцијал на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк “Mаврово”  преку низа на активности помеѓу кои и отварање на три излетнички локации, уредување на велосипедски и планинарски патеки, уредување на патеката која води до познатиот водопад Дуф кај с. Ростуше, и поставување на набљудувачници за диви животни со што ќе се збогати туристичката понуда во овој регион.

Општината Маврово и Ростуше и партнерот во под-проектот ЈУ Национален Парк “Маврово” во рамките на апликацијата, подготвија План за управување со животната средина и социјални аспекти за под- проектот Развој на туризмот во Мавровската долина” со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од погоре наведените проектни активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Со цел подобро запознавање со овој План за управување со животната средина и социјални аспекти за под- проектот “Развој на туризмот во Мавровската долина”, Ве повикуваме на отворена јавна расправа на која пред населението, институциите и здруженија на граѓани ќе бидат претставени сите аспекти од предвидените проектни активности.

Јавната расправа ќе се одржи во просториите на туристичкиот информативен центар на ЈУНП “Маврово” во Маврови Анови, на ден 06.03.2020г.(Петок) со почеток од 15.00ч.

 

Со почит

 

Ј.У Национален Парк “Маврово”

Директор – Самир Ајдини[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]