Во рамките на Обуката за водачи во планина што се реализира во рамките на проектот „НП Маврово за младите – Едукација, Партнерство, Иднина финансиран од Паркови Динариди а инплементиран од Македонската Асоцијација за Интернационални Водачи во Планина се одржа дводневен семинар кој вклучуваше теренскаи теоретска обука. Овој тренинг се реализираше на територијата на НП Маврово на 16 и 17.02.2019 и се обработуваа следниве содржини:

  1. Навигација во зимски услови
  2. Изработка на бивак во зимски услови
  3. Движење по заснежена падина
  4. Анализа на снегот и процена на лавинската опасност
  5. Спасување во лавини (пребарување со сонди, детектори и укажување прва помош)
  6. Специфики на спасителните активности во зимски услови

Обуката е веќе во поодмината фаза а кандидатите успешно го совладуваат предвидениот материјал. По завршувањето на обуката Националниот парк Маврово ќе ја промовира новата група на водачи во планина како партнери кои заеднички ќе придонесуваат за развој и унапредување на туризмот на територијата на паркот.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider