Порибување на водите во Националниот парк Маврово
Јавната Установа Национален Парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, како и годишната програма за работа, денес 26.10.2022г. успешно го заврши “есенското” порибување на водите на територијата на паркот.
Оваа е редовна активност на паркот и истата согласно програмата за порибување се реализира по втор пат оваа година. Првото или “пролетното” порибување за 2022 година се изврши во месец Април.Главна цел од спроведувањето на овие активности е збогатување на рибниот фонд на водите на територија на националниот парк.
Како и претходниот пат така и сега Мавровското езеро беше порибено со 200кг крап и 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) , а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) .
Се порибуваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското езеро.